You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

Политика на приватност

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА Myhealth.mk

I. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ И ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ

I.1 - ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
- Сите лични податоци кои ги внесувате во текот на регистрацијата и при пополнувањето на нарачките на myhealth.mk се чуваат на нашиот сервер кој користи современ софтвер со соодветна заштита, односно енкрипција. Податоците запишани во нашата база на податоци не се споделуваат, ниту пак се продаваат на трети лица, а истите, Вие како корисници и потрошувачи сте самите согласни да ги внесете, со што при внесувањето целосно ги прифаќате нашите услови и правила.
- Малолетни лица не смеат да ги оставаат нивните податоци без дозвола од родител или старател. Родителите или старателите се должни да им го појаснат на своите малолетни деца законот за заштите на личните податоци.
- Сите собрани податоци од наша страна се користат за извршување на испорака на нарачките и законска евиденција на продажбите. Доколку myhealth.mk добие одобрување од страна на корисникот, на наведената електронска адреса може да стигнуваат новости и промотивни материјали.
- Податоците кои ги запишуваме во нашата база на податоци се следните: Име, Презиме, Име на правно лице, Адреса, Телефон, Електронска адреса.
- Во горе споменатите точки е опфатена целокупноста на значењето на употребата и заштитата на личните податоци, а истата е спроведена согласност законот за заштите на лични податоци, издаден во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05 и 103/08.

I.2 - ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ
- Во доверливи податоци спаѓаат: лозинка, платежна картичка.
- Лозинката за најава на нашиот портал, односно интернет продавница myhealth.mk се запишува во екриптирана, односно шифрирана форма во нашата база на податоци и истата не е достапна за преглед.
- Авторизирањето на платежните картички не е во наша надлежност. По пополнувањето на нарачката Вие сте пренасочени надвор од доменот myhealth.mk, поточно кон наплатниот систем на Банката, каде наша обврска за примање, запишување и зачувување на податоците за истите не постои.